Манекенка на „Викторија сикрет“ во кома

По бизарна несреќа на одмор, манекенка на „Викторија сикрет“ падна во кома. Лекарите се борат за нејзиниот живот.

Ифке Штурм која повеќе пати на годишните ревии на познатиот бренд прошета на пистата, заедно со познатите ангели, доживеала бизарна несреќа на годишниот одмор.

Штурм, пред само неколку недели го роди синот Александра и заедно со нејзиниот неименуван партнер заминала на летен одмор.

Манекенка на „Викторија сикрет“ во кома
Манекенка на „Викторија сикрет“ во кома

Додека возела џет ски во близина на островот Иски, 33-годишната моделка паднала од возилот. Се обидела да доплива до брегот, а потоа врз неа налетал друг џет ски со полна брзина.

Несреќната манекенка со хеликоптер итно била пренесена во болницата во Неапол, каде било констатирано дека има тешки повреди на главата и ‘рбетот.

Познатата манекенка на „Викторија сикрет“ во моментов е во кома, а италијанските медиуми, повикувајќи се на изјавите на лекарите пишуваат дека е речиси извесно дека таа ќе остане парализирана.