Маневски: Се случува е безумие, линч на лицата кои мислат поинаку

Во вчерашната емисија „60 Минути со Горан Момировски“ на Алфа телевизија гостуваше Михајло Маневски, кој со своето 27-годишно искуство како Јавен обвинител на сите нивоа, како претседател на Судот и како поранешен министер за правда говореше за одлуките кои ги донесе Обвинителството за случајот за упад во Собранието и вели дека истите се безумие и линч.

„Човек ни на сон не може да сонува дека може во Република Македонија да бидат пријавени толку многу лица за ова кривично дело затоа што ова кривично дело има соодветни обележја и соодветни елементи за неговото издржување а од ова што денеска го имаме како сознание и она што е јавно обајвено мислм дека во конкретниот случај не постијат ама баш никакви елементи ни допирни точки за тоа да некои од овие лица што се пријавени а нели тоа се пратеници, јавни личности , културни работници од различни професии, родољуби граѓани коишто си ја сакаат својата земја каде што не можете да видите на што и каков товар обвинителството им става на нив“, истакна Маневски.

Посочи дека подолго време од владеењето на оваа гарнитура на Зоран Заев и СДСМ ќе се види во континуитет рушење на одредени темелни значајни столбови на кои се крепи Република Македонија.

„Првата работа што беше направена е вклучување на Тиранската платформа со која се руши унитарниот карактер на Република Македонија со донесување на Закон за јазици и двојазичност на целата територија на државата и преиспитување на оние случаеви коишто се завршени со правосилни пресуди за наводно утврдени факти. Втората работа е склучување на договорот за добрососедство и соработка со Република Бугарија како еден значаен сегмент коишто мора да се има во предвид и коишто во основа ја руши Република Македонија. Во тој договор се брише и македонскиот јазик а се брише и македонскиот народ. Со тој договор со еден потпис, Зоран Заев ги избриша Македонците во Република Бугарија, вели Маневски.

Екс министерот констатираше дека народот е сведок за вандализмот што се случува  на секое ниво. Маневски додава дека ќе се рушаат музеи, ќе се рушат поставки, споменици, да не се пеат песни испеани веднаш по илинденскиот период за војводи, херои коишто го положиле животот за создавањето на оваа држава низ векови и сега ние, вели, се наоѓаме пред еден ѕид како да одговориме.

„Ние се бориме со културни средства, со демокраски средства, правни средства, меѓутоа видете тие со што се борат и какви мерки се преземаат? Со конструкции, конструирани кривични пријави за лица, највидни граѓани за најтешко кривично дело. Тоа го нема во ниедна држава. 36 терористи. Македонија во лицето на светот ќе биде терористичка држава“, потенцираше Маневски.