Маневски: Зоран Заев е општа опасност за Македонија

Република Македонија се наоѓа пред големо искушение. Мандат за состав на влада бара Зоран Заев, кому ништо не може да му се верува. Тој не е човек кој држи до зборот, а мислењето го менува од денес до утре. Две и пол години државата ја држи во заложништво и ги малтретира граѓаните, посочува поранешниот министер за Правда, Михајло Маневски.

Kој може да му верува на збор дека ќе ја унапредува унитарноста на државата, кога во практиката се случува сосема спротивното. Зоран Заев и СДС не реагираат на деградација на државното знаме во кабинетот на претседателот на Собранието и на најавата на Талат Џафери дека седниците на Собранието, спротивно на Уставот и законот ќе ги води на албански јазик.

Изјавите на Зоран Заев дека се подготвени преку изјава да ги потврдат пред господинот Иванов нивните „конфирмации“ или потврди за унапредување на унитарноста на Република Македонија и целосно почитување на Уставот, немаат никакво реално покритие. Тоа се само големи лажни и празни ветувања со кои Зоран Заев се служи долго време. Тоа е неговиот психолошки капацитет.

Во наводните гаранции на Зоран Заев никаде не се споменува дека нема да се дозволи двојазичност на целата територија на Република Македонија, дека нема да се отвораат теми за промена на грбот, знамето и химната, за носење на некаква декларација за геноцид врз албанскиот народ, за ревизија на судски процеси и многу други прашања. Унитарноста на државата не се унапредува со лажни ветувања и празни зборови.

Тиранската платформа не може да биде основа за доделување мандат. Само јавно откажување од тиранската платформа од Зоран Заев и потписниците на таа платформа може да биде основ за доделување мандат. Kако може да му се верува на човек кој претставува општа опасност за Македонија. Тоа досега самиот многу пати го докажува. Ќе потсетам на некои негови изјави кои го одразуваат неговиот „демократски капацитет“, кои во континуитет ги дава:

Ќе јадеме живи луѓе кога ќе ја преземеме власта, како израз на неговото човекољубие и неговите склоности. Ќе бркаме од работа од министер до чистачка. Веќе наголемо се најавува бркање од работа на речиси 3 до 5 илјади лица.

Ќе ја виткаме кичмата за името. Виткање на кичмата е стратегија на Зоран Заев за името на државата. Виткањето на кичмата значи подготвеност за откажување од вековното име на државата Македонија и потклекнување на влијанијата и притисоците. Kичмата најлесно ја виткаат безрбетниците и само тие немаат мака со виткање кичма. Името на државата не може да биде предмет на никакви разговори.

Во целост ја прифати тиранската платформа за рушење на Македонија, објавена на 7 јануари од трите албански парламентарни партии на Божик, најголемиот празник на православните христијани. Тоа се направи во време кога граѓаните ги напуштија црковните храмови и се подготвуваа за свечениот ручек. За таква „честитка“ на празникот јавно не се извинија, со што длабоко ги повредија чувствата на православните христијани.

Двапати нареди да се пука со пиштол во Собранието. Зоран Заев му нареди на телохранителот Ацо Ангеловски да пука и тој по негова наредба двапати испука два куршума во салата за прес-конференции во Собранието. Другиот телохранител Сашо Тасевски впери пиштол кон граѓаните со закана дека ќе пука. Зоран Заев ќе остане запаметен по тоа што по 72 години по негова наредба се пукаше во Собранието со огнено оружје, кое не смее да се носи во Собранието.

Во еден ден Македонците ги направи и Срби и Бугари. Тоа е неговиот капацитет за чување на идентитетот на македонскиот народ и неговата самобитност? Со тоа потврди дека на СДС не му личи патриотизмот, а му личи ли предавството?

Целото српско раководство го прогласи за националистичко. Непредизвикан со ништо, целото раководството на Република Србија на чело со Александар Вучиќ го прогласи за националистичко. Со што е мотивирана таква изјава на еден човек кој претендира на највисоката позиција во извршната власт и во чии интереси тоа го чини? Со тоа предизвика големи и непотребни реакции и бранувања во регионот и заладување на односите помеѓу државите;

Не ги осуди изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателот на Kосово, Хашим Тачи за голема Албанија. Се прави дека ништо не гледа и дека ништо не слуша за овие изјави за кроење нова карта на Балканот. Никогаш досега не се мавтало со толку карти на голама Албанија како сега.

Нема никаква реакција на американскиот државјанин Вилијам Вокер, поранешен амбасадор на ОБСЕ за Kосово, кој јавно изјавува пред целата јавност и пред очите и на амбасадорот Џес Бејли дека работи за создавање голема Албанија. Нема никаква реакција на овој контроверзен Американец кој работи на дестабилизација на регионот.

Тоа ли е политиката на новото време на промени? Народот бара нови избори, како единствен излез од кризата, во која го втурна Зоран Заев и СДС со прифаќање туѓа платформа со која се урива Република Македонија. Неодамна еден словенечки весник напиша: кога те тепа сопствениот народ, не си херој, туку предавник.

Голата борба за власт на Зоран Заев, не може да се плати со цената на Република Македонија, создадена со многу жртви на најдобрите синови и ќерки на македонскиот народ. Тоа не поминува и Зоран Заев од тоа треба да се откаже што е можно побргу.

Народот нема да потклекне и да ја изгуби државата со овие  неуставни и незаконски постапки. Се лаже Зоран Заев ако мисли дека ќе го скрши отпорот на народот. Со народот никој не може да си игра. Народот нема да потклекне и да ја изгуби државата со овие  неуставни и незаконски постапки.