Спорт

Мангала го одби Сити и го покани Челзи

Мангала го одби Сити и го покани Челзи

Репрезентативецот на Франција и стандарден првотимец во дресот на португалскиот гигант Порто, Елиакуим Мангала испрати јасна порака дека повеќе му се допаѓа идејата да биде продаден на Челзи отколку на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.

„Сити или Челзи? Челзи, затоа што игра во Лондон. Точно дека сум голем фан на англиската Премиер лига, уживам во сите натпревари кои според мене се спектакуларни. За време на зимскиот преоден рок бев многу блиску до преселба во редовите на Манчестер Сити, но двата клуба не најдоа заеднички јазик околу обештетувањето. Сега сум целосно фокусиран на Мундијалот во Бразил, ќе видиме што се ќе се случи после Светското првенство. Разговарав со мојот агент, Жорге Мендез, му кажав дека не сакам да знам ниту една информација за време на Мундијалот. Секој фудбалер сака да игра за амбициозен клуб. Јас сакам да играм за клуб со кој ќе освојам што е можно повеќе титули”, изјави централниот дефанзивец.