четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 49

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце“ во општина Илинден

Општина Илинден ја организира јубилејната 10-та по ред традиционална Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”.

kniga-520x384

Последни вести

Општина Илинден ја организира јубилејната 10-та по ред традиционална Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”.

Оваa оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата ќе се одржи на 28-ми април (четврток) 2016 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце. Во чест на Двеилјадиишеснаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2016 Велигденски јајца. Собраните книги се наменети за Општинската библиотека Илинден.

За таа цел со особена чест и задоволство од општината Ве покануваат да земете активно учество на манифестацијата и со донирање на книги по ваш избор, да придонесете за збогатување на библиотечниот фонд.

Најчитани вести