четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Манијак ја нападнал Лили Ален со нож во нејзиниот кревет

Tаа не поднесе тужба против напаѓачот сметајќи дека е психички болен и дека системот е тој кој ја изневерил.

Манијак ја нападнал Лили Ален со нож во нејзиниот кревет

Манијак ја нападнал Лили Ален со нож во нејзиниот кревет

Последни вести

Британската пејачка Лили Ален откри дека манијак ја следел седум години и дека на крајот за малку ќе ја убиел во нејзината куќа.

Манијакот Алекс Греј бил опседнат со пејачката и цели седум години и оставал пораки, и испраќал твитови и се заканувал дека ќе си го одземе животот поради неа.

Сето тоа го достигнало врвот кога среде ноќ влегол во нејзината куќа и се обидел да ја убие со нож додека спиела, пишува Индепендент.

Ален, опишувајќи ја таа ноќ, се потсетува дека била дома со нејзините две деца и дека ја разбудило трпањето по ѕидот.

– Седнав на креветот и видов како се отвора вратата. Човекот влезе во собата, не знаев кој е тој. Го повлече покривачот од мене, ми зборуваше дека сум глупава и прашуваше каде е неговиот татко, наведе пејачката.

Напаѓачот имал нож во јакната, по што подоцна на полицијата и потврдил дека планирал да и го избоде лицето на Ален.

Пејачката ја спасило тоа што во нејзината куќа била и една нејзина пријателка, која успеала да го избрка напаѓачот.

Ален вели дека е разочарана од реакцијата на полицијата која не ги сфаќала сериозно заканите на напаѓачот и не ја советувала како да се заштити себе си и децата. Сепак, таа не поднесе тужба против напаѓачот сметајќи дека е психички болен и дека системот е тој кој ја изневерил.

Таа откри дека нападот и го променил животот.

– Почнав да се сомневем во се, имам проблеми со довербата. Тоа влијаеше на моите врски, на се. Практично сега сум самотникм ијзави Ален за весникот.

Најчитани вести