Манипулациите на мегафоните на СДСМ немаат крај

СДСМ соочени со нискиот рејтинг и се понеизбежниот пораз на изборите на 11-ти декември, почесто започнува да лиферува лаги преку своите блиски медиуми, пред се преку порталите финансирани од СОРОС. Овие лаги, како по правило, веднаш се демантирани со аргументи и факти.

Денес на нишан на лагите во мегафони на СДСМ се најде Антонио Милошоски. Медиумите под контрола на СДСМ извадија лажни текстови дека тој нема да се кандидира на претстојните избори. Очигледната манипулација на групацијата медиуми околу СОРОС и СДСМ е демантирана од одговорот на Милошовски, со кој сакаа да манипулираат.

libertas-antonio

На прашањето дали неговото појавување во Битола значи дека повторно ќе бидете носител на листа во 5-та изборна единица, Антонио Милошовски децидно одговори:

-Не е се уште одлучено кои ќе бидат кандидати за пратеници и кои ќе бидат носители, ќе одлучи дополнително политичката партија преку Централниот комитет, Извршниот комитет и другите органи на партијата. Ние сите стоиме на располагање и се надеваме дека ќе имаме една добра комбинација на одреден континуитет и одредено освежување во кандидатските листи, за да можеме да внесеме и нова енергија во оваа политичка изборна битка која што очекуваме да биде фер-плеј, рече Милошоски.

Милошоски сосема прецизно одговори, но сепак ова не е пречка за порталите контролирани од СДСМ да штанцаат текстови кои се одраз на посакуваната фантазија на СДСМ.

Денеска уследи и изјава од Милошоски во која тој ги отфрла сите наводи на партиските гласила на СДСМ, за порталот МКД.мк, тој изјави:

„Ќе бидам дел од политичката трка. Секоја друга професија која што би можел да ја работам како професор, нотар или научен соработник, ќе биде во мирување сѐ додека имам поддршка од граѓаните и од партијата да извршувам обврски во интерес на државата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.