Манју носи 16-годишен напаѓач од Бенфка

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го договори трансфер на шеснаесетгодишниот напаѓач на португалскиот тим Бенфика, Умар Ембалo , кого стручната јавност го споредува со аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија.

Британските медиуми објавија во петокот дека трансферот кој се проценува на околу шест милиони евра е завршен, а Ембалo би требало да настапува за јуниорската екипа на „црвените ѓаволи“.

Еден до најтрофејните англиски клубови се обиде да го доведе Ембалo уште минатото лето, но тогаш за младиот напаѓач на Бенфика беше заинтересиран и Реал Мадрид.