Манојлоски до Заев: Пресели се со фамилијата во Тетово да ја видиш платформата на дело

-Господине Заев, бидејќи се залагате за да се оди над Рамковниот договор, да се гласаат платформи, еве јавно ве повикувам доколку сте искрен во своите намери да ја поддржите иницијативата на тетовчани за формирање нова општина. Воедно ве поканувам да дојдете вие и вашето семејство да живеете во Тетово и одблиску да ги следите и доживеете промените за кои што ја дадовте вашата јавна поддршка, се обрати Манојлоски до Зоран Заев.

Манојлоски дополнително посочи за лицемерието со кое што се служат албанските партии кои што од една страна бараат права и почитување, а од друга страна во местата каде што се мнозинство и управуваат со локалната власт ги ускратуваат сите права на Македонците односно ги третираат како граѓани од втор ред, преставува се, само не соживот.