Манојлоски: Заев и СДСМ се однесуваат кон Македонија како кон своја приватна сопственост

Криминалецот Зоран Заев и криминалната врхушка во врвот на СДС ја покажуваат нивната мисловна матрица да се однесуваат кон Македонија како кон своја приватна сопственост и да не почитуваат закони и Устав на Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Манојлоски

Заплашувањата на Заев и неговата ергела платени експерти врз судиите и вработените во јавната и државната администрација се само уште еден обид да се врати државата во мрачните 90-те години, кога без работа и без основни средства за егзистенција останаа над 200.000 луѓе, беа затворени над 600 фабрики, а кривичните пријави на партиско подобните случајно беа губени.

Заев потврди дека не се откажал од намерата за јадење на живи луѓе, тоа значи пресметка со секој еден човек во Македонија кој не им се допаѓа на Заев и криминалната клика околу него.

Криминалецот Заев е во страв и паника и единствено што сака е да се спаси себе си од кривична одговорност за големиот број на кривични дела кои му се ставаат на товар, затоа им се заканува на судиите со генерален реизбор на судии.

Генерален реизбор на судии не може да има бидејќи тоа е во спротивно со домашните и меѓународните законски норми.

Во Република Македонија постои Републички Судски Совет, кој е единствено надлежен да одлучува за и околу именување, разрешување и суспендирање на судии.

Секој обид за каков било политички притисок врз судиите и судскиот систем значи авторитарен обид да се стави судството под партиска чизма и да се врати државата во 90-те години од минатиот век.

СДС треба да знае дека денес сме 2017-та година, а не 1996-та, СДС треба да знае дека судиите не се и не смеат да бидат нивни партиски потрчковци.

Криминалецот Зоран Заев треба да знае дека кривичните дела за кои се гони се дела што не застаруваат бргу, Заев мора да знае дека одговорност ќе има и неа не може да ја избегне со никакво заплашување врз судиите и судскиот систем на државата.