Манолас ќе ја засили Рома

Уште денеска е можно да биде комплетиран трансферот на Костас Манолас во Рома.

Римската Волчица за дефанзивецот на Олимпијакос ќе плати околу 11 милиони евра.

Манолас треба да биде замена за Бенатиа кој се очекува да го напушти Рим и да се пресели во Баерн Минхен пред крајот на преодниот рок.

Костас Манолас долго време се поврзуваше со трансфер во Арсенал, но се чини дека Топџиите не успеаа во трката по неговите услуги.