МАНУ и ССК ќе потпишат меморандум за соработка

– Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) денеска ќе потпишат меморандум за соработка.

Партнерството меѓу академската заедница и приватниот сектор, во услови на зголемување на економскиот притисок од глобалната конкуренција, според потписниците, е од круцијално значење за справување со современите предизвици во насока на унапредување на истражувањето, иновациите и технолошкиот развој.

Меморандумот ќе го потпишат претседателите на МАНУ академик Владо Камбовски и на ССК Данела Арсовска. На потпишувањето ќе присуствуваат претседателите од сите сектори на ССК и академиците економисти на МАНУ, научниот секретар и раководителите на центрите на  МАНУ.

Согласно одредбите на меморандумот ќе дискутираат за долгорочен стратегиски развој на сите економски сектори, кои ќе придонесат за стабилен економски амбиент во иднина.