Во МАНУ научна расправа за независноста на судството

Научна и стручна расправа посветена на „Независноста на судството“ ќе се одржи денеска во МАНУ.

На конференцијата е најавено дека ќе се обратат претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, претседателот на Врховниот суд, Лидија Неделкова, министерот за правда Аднан Јашари, како и амбасадорите на Франција, Германија и на мисијата на ОБСЕ.

Учество со свои излагања ќе остварат и повеќе професори од правните факултети во Скопје и Тетово, како и судии и членови на судските тела и организации во Република Македонија.