среда, 4 јануари 2017  |  Вести денес: 41

Мануела се врати дома, причините за нејзиното исчезнување сеуште непознати

Дедото Драги изјави дека Мануела била забележана кај Демир Капија, каде што барала превоз до Валандово, но совесен возач запознаен со случајот дека се трага по девојката, ја донел лично до Струмица.

Мануела се врати дома, причините за нејзиното исчезнување сеуште непознати

Мануела се врати дома, причините за нејзиното исчезнување сеуште непознати

Последни вести

По три дена трагање, вчеравечер е пронајдена 17-годишната Мануела. Семејството Пандеви од Пиперево потврди дека нивното чедо се вратило, но заради истоштеност девојката е однесена во струмичката болница.

Дедото Драги изјави дека Мануела била забележана кај Демир Капија, каде што барала превоз до Валандово, но совесен возач запознаен со случајот дека се трага по девојката, ја донел лично до Струмица.

За потсетување Мануела од засега непознати причини исчезна во понеделникот наутро кога тргнала на училиште. По објавувањето на веста загрижени граѓани се јавувале дека ја забележале во Гевгелија, Росоман и Кавадарци. Семејството Пандеви упатија благодарност до сите кои дале свој придонес за пронаоѓање на Мануела.

Најчитани вести