Македонија,Свет

Мапа која што покажува што студирале светските лидери

Мапа која што покажува што студирале светските лидери

Направена е мапа на светот која што покажува што студирале лидерите и шефовите на државите. Бојата со која што е обоена земјата покажува што студирал премиерот, а бојата на триаголникот во рамки на земјата го означува образованието на шефот на државата.

На мапата, доколку добро се забележи, ја има и Македонија која што е обоена во розово, бидејќи премиерот Никола Груевски студирал економски науки, а триаголникот е обоен во окер бидејќи претседателот Ѓорѓе Иванов студирал право.

Дел од земјите во светот, кои што се обоени исто така во розово, што значи дека на чело на Канада, Бразил, Индија, Кина… стои премиер кој што студирал економски науки.