Мапа на машкото тело

Мапа на машкото тело
Мапа на машкото тело

Делови од машкото тело кои се створени за бакнежи и нежни допири.

Ова е мапата:

Уши

Нежни бакнежи и грицкање на неговите уши ќе ги разбуди сите негови сетила и ќе ја поддигне возбудата на највисоко ниво. Зошто? Затоа што ова неочекувано место придонесува за трнење по целото тело.

Врат

Вратот е исклучително чувствително подрачје чија ранливост е избоилство за нежна и страствена предигра. Бакнувајте го и скокоткајте го нежно со врвовите од вашата коса.

Теме

Повлекувањето на косата не е често кај секого, но ако тоа е одлика на вашиот партнер, бакнувањето по темето на главата на брз начин ќе го возбуди и излуди.

Брадавици

Машките брадавици се еднакво чувствителни како и женските, па затоа се совршено место за бакнежи, голицкање со јазикот, како и нежно грицкање.

Колкови

Да бидеме попрецизни, внатрешниот дел на колковите. Играњето во ова подрачје ќе му подари чувство како да сте скоро во оној критичен дел. Со допирање и бакнување на овој дел ќе го возбудите на еден потполно нов начин.

Рамена

Рамената се еден од најмашките делови на секое тело. Немојте да ги фалите само со зборови туку опсипете ги со бакнежи, лесно гребење и грицкање.

Торзо

Бакнувањето по градите и стомакот ќе го доведат до лудило. Зајакнете го возбудуваето на тој начин што ќе му ги заврзете очите за да не може да го предвиди следниот бакнеж или гриз. Ќе експлодира од возбуда.

Задник

Галете го, стискајте, бакнувајте и гребете. Правете му се што ќе му сигнализира дека силно го посакувате и дополнително ќе го возбудите. А, неговиот одговор на вашите допири ќе биде еднакво страствен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.