Мапирани јавните површини на Град Скопје

Град Скопје изврши мапирање јавните простори во градот погодни за оддржување на јавни настани и манифестаци, со цел  отвoрање и промовирање на овие простори за креативна,  уметничка,  културно и социјално ангажирана продукција,  како и за спроведување на забавни, спортски и други иницијативи и општествено-промотивни активност.

Оваа активност се спроведува со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и  културните работници и уметници кои во текот на изготвувањето на Стратегијата  за развој на културата, го акцентираа како проблем одсуството на евидентиран преглед на постојани и расположливи јавни и отворени простори на територија на Скопје кои се во надлежност на Градот Скопје и  Општините во Градот Скопје.

Изработката на мапата се одвиваше во соработка со oпштините во градот Скопје, кои доставија информации за јавни локации и површини што се во нивна надлежност.