Марадона претерува со користењето на вијагра

Аргентинскиот жолт печат повторно шпекулира за приватниот живот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона (54) .

Овој пат тоа не е само поради неговиот возбудлив љубовен живот, туку и поради стравот дека многу лесно може да го загрози своето здравје поради претераното консумирање на вијагра.

Весникот „Ел диарио де Мариана“ пренесува дека славниот Диего зема по четири апчиња вијагра на ден, трипати неделно , и тоа најмногу поради својата 30 години помлада девојка Росио Оливеиро (24).

Тоа би можело сериозно и дополнително да го загрози неговото здравје, со оглед на тоа што има проблеми со срцето.

Интересно е што неговата поранешна сопруга Клаудија Вијафане обезбедува по едно возило на Брза помош во секој град во кој Марадона се наоѓа за да може болничката екипа веднаш да реагира за во најлош случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.