Марадона се понуди за селектор на Аргентина за без пари

Легендата на светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона, кој на самото место ја следеше елиминацијата на „Гаучосите“ од Мундијал во Русија минатата недела се понудил за без пари да ја преземе клупата на Аргентина

Да, тоа би го направил бесплатно, не би барал ништо за возврат, изјави Марадона.

Аргентина беше елиминирана по поразот од Франција 4:3 во осминафиналето. И покрај ова, засега нема индикации дека селекторот Хорхе Сампаоли би можел да биде отпуштен, а и има договор до 2022 година.

Луѓето мислат дека сум среќен, но моето срце боли. Се чувствувам лошо затоа што сѐ што изградивме и во што вложивме многу напор толку лесно се уништи, рече Марадона.

Поранешниот фудбалер на „Бока Јуниорс“ и „Наполи“ ја предводеше Аргентина на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, каде неговиот тим беше поразен од Германија со 4:0. Од тогаш легендарниот фудбалер беше тренер само во два клуба во Емирати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.