Марадона тажен поради успехот на Бразил

Легендарниот репрезентативец на Аргентина, Диего Армандо Марадона призна дека е разочаран од пласманот на Бразил во 1/4 финалната рунда и додаде дека е импресиониран од играта на најдобриот фудбалер во репрезентативниот дрес на Колумбија, Џејмс Родригез.

„Бразил дуелот со Чиле го заврши на колена. Тие воопшто не заслужија да одат понатаму. Навистина сум разочаран од нивните игри на Мундијалот. Колумбија негува навистина одличен фудбал. Не велам дека ќе го освојат Светското првенство, но сите треба добро да внимаваат на нив ако продолжат на овој начин. Родригез го диктира темпото на нивната игра. Навистина е одличен фудбалер“, изјави Марадона.

Токму Колумбија ќе биде противник на Бразил во 1/4 финалната рунда, а тој натпревар ќе биде одигран во петок со почеток во 22:00 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.