Марадона уапсен поради лажни документи

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона е уапсен на аеродромот во Буенос Аирес под обвинение дека користел лажни документи. Тој тврди дека станува збор за политичка местенка…

Неколку дена откако конечно го призна 30-годишниот син Марадона повторно почна да запаѓа во неволји.

Овој пат инцидентот се случил на аеродромот во главниот град на Аргентина. Подоцна славниот фудбалер бил ослободен, но сепак го пропуштил летот за Дубаи.

Ова обвинение е бесмислено. Мојот адвокат ќе ја истражи оваа лага што беше смислена од страна на одредени политичари, изјави Марадона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.