четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 2

Мараја Кери и бизнисменот Џејмс Пакер ја објавија свршувачката

maraja keri

Последни вести

Познатата пејачка Мараја Кери и бизнисменот Џејмс Пакер во јуни минатата година објавија дека се заедно откако двајцата се видени на одмор во Италија, а сега тие објавија свршувачка.

Пакер е познат австралиски бизнисмен, инвеститор и филантроп, а според Форбсовата листа е четврт најбогат Австралиец. Неговото богатство се проценува на 3,1 милијарда американски долари, јави Би-Би-Си.

Богатството Пакер го има наследено од неговиот татко Кери Пакер, сопственик на медиумска империја во Австралија, а Џејмс работата ја прошири и на казина. Пред врската со Кери, Пакер беше во брак со пејачката и моделот Ерика Бакстер од која се разведе во 2013 година.

Мараја Кери, која има 45 години, својот прв албум го објави во 1990 година и е една од најпопуларните пејачки на сите времиња.

Најчитани вести