Мараја Кери ги осигура гласот и нозете

Пејачката Мараја Кери деновиве го осигура својот глас и нозете на сума од 35 милиони долари.

Таа го направи ова непосредно пред почетокот на нејзината турнеја насловена „Sweet, sweet fantasy“, така што сега ако нешто тргне на лошо Мараја е сигурна дека нема да пропадне.

Инаку, Мараја не е одинствена што го осигура своето оружје за работа. Актерката Џулија Робертс ја осигура насмевката на 30 милиони долари, пејачката Тина Тарнер ги осигура нејзините долги нозе на 3, 2 милиони, а се зборува дека Џенифер Лопез го заштитила задникот со мошне вреден договор.

Пред турнејата и осигурувањето Мараја интензивно работи и на организирање на нејзината венчавка со милијардерот Џејмс Паркер.

Како што дознаваат светските таблоиди, во игра се две опции. Според едната двојката судбоносното „Да“ ќе го каже на Тахити, а според другата церемонијата ќе се одржи на карипскиот остров Барбуда во присуство на само 50-тина гости.