Мараја Кери го откажа концертот во Брисел од безбедносни причини

Мараја Кери го откажа концертот во Брисел од безбедносни причини
Мараја Кери го откажа концертот во Брисел од безбедносни причини
Поп пејачката Мараја Кери соопшти дека го откажува концертот во Брисел поради безбедносни причини, по терористичките напади во белгиската престолнина во вторникот.

Веб страницата, на која се продаваат билети за европската турнеја на американската поп ѕвезда, објави дека закажаниот за утре нејзин концерт во Брисел е откажан.

Во објаснувањето се наведува дека Кери била посоветувана да го откаже концертот, со оглед на безбедноста на нејзиниот тим и на фановите.

Не се наведува презакажување за друг датум, но се вели дека Кери се надева наскоро да се види со своите фанови во Белгија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.