Мареј победник на турнирот во Минхен

Финалето на АТП турнирот во Минхен конечно го дочека својот крај.

Иако започна вчера, мечот помеѓу Енди Мареј и Филип Колшрибер по само пет гема мораше да биде прекинат поради дожд. Сепак натпреварот продолжи денеска, а славеше британскиот тенисер со 2:1 (7:6, 5:7, 7:6).

Мечот беше исполнет со возбудувања и неизвесност до самиот крај, а триумфираше фаворитот и воедно прв носител на турнирот, Мареј со што ја потврди неговата одлична форма пред Ролан Гарос.