Мареј против Ѓоковиќ во финалето во Монтреал

Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ се пласираа во финалето на „Роџерс купот“ што се игра во Монтреал.

Ѓоковиќ во двата сета успеа да направи по еден брејк што беше доволно да триумфира во мечот против Жереми Шарди. Сетовите Ѓоковиќ ги доби со 6:4 и стигна до 10.та победа против Шарди во истотолку одиграни мечеви.

Шарди со пласманот во полуфиналето на Мастерсот во Монтреал ќе направи скок од 22.места и ќе се пробие на 27.место на новата АТП листа.

Мареј полесно од очекуваното во второто полуфинале го совлада Кеи Нишикори со 6:3 и 6:0 во сетови. Со овој триумф Мареј ќе се врати на втората позиција на АТП листата. Нишикори претходниот викенд играше во добра форма и победи на турнирот во Вашингтон.