Мареј за само три дена втор пат го совлада Колшрајбер

Енди Мареј е последниот осминафиналист на Мастерсот во Мадрид откако синоќа го победи Филип Колшрајбер со 2:1 (6:4; 3:6 и 6:0).

Британецот во осминафиналето ќе игра против Шпанецот Марсел Грањолерс-Пујол, кој вчера славеше против Гаел Монфилс.

Најголемото изненадување досега на турнирот е елиминацијата на Федерер, па во отсуство на Новак Ѓоковиќ (не се пријави да игра) најголем фаворит за освојување на турнирот е Рафаел Надал.