Спорт

Мареј загуби од 53-от светски рекет Тејмураз Габашвили

Мареј загуби од 53-от светски рекет Тејмураз Габашвили
Мареј поразен во Вашингтон уште во првото коло

Првото коло за Британецот беше и последно, откако Мареј загуби од 53-от светски рекет Тејмураз Габашвили од Русија.

Третиот светски рекет го загуби првиот сет со 6-4, но го доби вториот со идентичен резултат. Во третиот успеа да направи брејк и при 5-4 во негова корист и сервис за меч, Габашвили го врати брејкот, а потоа го доби и тај-брејкот со 7:4.

Нормално е да се биде разочаран кога ќе се загуби во првото коло, имав неколку шанси да го добијам мечот, но не го сторив тоа, изјави Мареј.

Останатите фаворити беа сигурни. До победи дојдоа Џон Изнер, Григор Димитров и Ришар Гаске.