Мариани: Најостро го осудувам однесувањето на Заев

Пратеникот во Националното Собрание на Франција и Потпретседател на Никола Саркози во партијата Унијата за народно движење (UMP), Тиери Мариани, како член на Француското Национално Собрание како и на Парламентарното Собрание на Советот на Европа ја искажува својата загриженост по повод најновите случувања во Република Македонија и однесувањето на Претседателот на Социјал демократскиот сојуз на Македонија најголема опозициска партија во Македонија.

-Јасно е дека на последните избори од 2014 година  претседателот Иванов освои убедлива победа со огромно мнозинство гласови, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски освоија апсолутно мнозинство во Собранието на Македонија, што само говори дека политиките кои досега ги воделе се правилни и се препознати од граѓаните. Исто така е јасно дека опозициониот Социјал демократски сојуз неможејќи да ја освои довербата на граѓаните се однесува спротивно на демократските стандарди и не учествува во работата на Собранието.  Дозволете во исто време да изразам длабоко разочарување од однесувањето на Социјалдемократскиот сојуз и нивниот Претседател Зоран Заев, кој како што сум информиран отишол и еден чекор понапред и презел нелегални активности на недозволено прибирање на телефонски разговори, документи и други материјали кои се добиени на нелегален начин, според неговиот исказ во соработка со тајни служби.  Исто така, со овие нелегално собрани материјали се заканувал на премиерот Никола Груевски бараќи од него спротивно на волјата на граѓаните да дозволи опозиционата Социјадемократски сојуз да ја преземе власта во Македонија. Најостро го осудувам ова негово однесување, вели Мариани.

Во исто време, нагласува Мариани, бил информиран дека надлежните институции и Јавниот обвинител до судот доставиле докази за овие активности. Оттука, повикува на  отворена и транспарентна постапка пред надлежните органи согласно највисоките европски правни стандарди.

-Го осудувам однесувањето на г. Зоран Заев Претседател на Социјалдемократскиот сојуз и потсетувам дека нелегалното снимање телефонски разговори и прибирање документи како и невистинито монтирање на разговори и документи е спротивно на европските демократски норми и прифатените стандарди на Советот на Европа каде Македонија е член. Ги осудувам заканите на г. Зоран Заев Претседател на Социјалдемократскиот сојуз кон Премиерот Никола Груевски и потсетувам дека одговорноста за демократскиот имиџ на Македонија е како на Владата така и на опозицијата. Потсетувам дека политичкиот натпревар треба да се води низ институциите на системот со поуда на политичка платформа и програма за која граѓаните одлучуваат на избори, а не со нелегални средства, ги повикувам пратениците на Социјалдемократскиот сојуз да се вратат во Собранието на Република Македонија и целосно да го остварат својот мандат, вели Мариани.

Тој изразува надеж дека оваа порака ќе биде послушана од „нашите пријатели во Македонија од Социјалдемократскиот сојуз“.

фото: lemonde.fr