Маричиќ на платен список на Сорос, заработува милиони и излегува да го критикува интервјуто на Груевски во улога на експерт

Бојан Маричиќ, сопруг на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева беше еден од најактивните демонстранти на „Шарената револуција“. Маричиќ, инаку бил вработен во Фондацијата на Сорос, а сега е извршен директор на Центарот за европско образование (МЦЕО) која е соросова продолжена рака.

За време на насилните протести на „Шарената револуција“ Маричиќ секојдневно го одработуваше она за што е дебело платен. А дека е навистина е дебело платен, уште тогаш  Нетпрес објави дека само во 2014 година од соросовата Македонски центар за европско образование земал бруто приходи од неверојатни 1 252 789 денари, додека пак во 2015 година  инкасирал дополнителни околу 860 илјади денари.

Дополнително, НВО инфо центарот земал бруто по 27 344 денари за 2014та година, а во 2015-та дополнителни 30 466 денари.

Истиот тој Маричиќ, “фабрикуван“ експерт од лабораторијата на Сорос, повторно ја одработува својата дебела плата, овој пат коментирајќи го интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Па Маричиќ ќе каже: По секои избори Груевски има нов непријател.

За да биде иронијата уште поголема, изјавата ја снима и пренесува Телма, која со ова на дело го потврдува она што Груевски го кажува во интервјуто за тоа како функционира дуото „Сорос-СДСМ“.

На прашањето зошто Сорос токму на ваков начин е насочен кон Македонија, односно кон ВМРО-ДПМНЕ, Груевски во интервјуто на Република,  вели дека ова не е од сега, туку дека тој 25 години делува исто, но последниве 2-3 позајакнато.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ  е на власт, неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ, и секогаш кога СДСМ е на власт, повторно неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ, како центар десна и конзервативна политичка партија. Не постои една работа што ја направил ВМРО-ДПМНЕ во овие 25 години, а за која една негова институција како институтот Отворено општество, НВО, финансирана од него, медиум, или слично рекле дека тоа е добро. И обратно, нема ниту еден чекор на СДСМ кој го осудиле. Значи се што е од нас е лошо, се што е од СДСМ е добро, или ако не е добро барем се премолчува. Човекот кој 25 години е главен на институтот Отворено општество во Македонија е член на Централниот одбор на СДСМ. Од лани навидум се пензионираше, но всушност си постави лице кое е негов послушник, кое никој не го познава, ниту му го знае името, а ги води истите политики на претходникот. И тие не се ни кријат дека се дел од СДСМ. Имаат говори против нас на политички митинзи организирани од СДСМ. Затоа ние почнавме да ги поистоветуваме и велиме СДСМ/Сорос.

Неговата мрежа во Македонија, вели Груевски, освен што има НВО, директно финансира, некои би рекле корумпира голем број новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, протестирачи, да, како што вели Трамп професионални протестирачи.

-Под своја контрола имаат ставено и голем број луѓе низ институциите на системот, административци на високи позиции, судии, обвинители, лекари, еколози, и секаде каде оцениле дека ќе им затребаат за остварувањето на нивните цели. Значи делуваат и внатре, со пари и со индоктринација, и делуваат надвор со влијание кај најмоќни влади и политичари. Во Македонија имаат монопол во секторот НВО, бидејќи 95 отсто од НВО се финансирани од средства на Сорос, или влади каде тој има влијание, па парите заеднички ги насочуваат и ги договараат активностите. Ако им треба т.н. ,,шарена револуција,,, тогаш преку НВО тоа го прават со пари, објаснува Груевски во интервјуто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.