ВИДЕО: Марихуана, брејкденс, Реал Мадрид… омилени на терористот од Тунис

Али Бин Мухамед Резгуи чичко на убиениот терорист, вели дека ништо не уажувало на тоа дека тој ќе изврши масакр, бидејќи само неколку часа пред настанот, седеле заедно и разговарале за животот и за студиите. И се’ делувало сосема нормално.

„Седевме во градината и се’ беше норално. Околку пладне си отиде и немав поим што му било на памет“, кажува Али Бин Мухамед Резгуи, во семејниот дом во Гафур, сиромашна област во туниската провинција Салијан, која се наоѓа на 80 километри од престолнината.

Според неговите зборови, Саифедин бил примерен и симпатично момче, сакал фудбал, играл брејкденс и се’ делувало дека ќе има долг и среќен живот.

„Сите бевме во шок кога ја слушнавме веста, а особено кога ја видовме фотографијата. Неговата мајка е очајна“, вели чичкото, и додава:

„Точно е дека одеше во џамија да се моли, но тоа по ништо не го разликува од другите. После тоа, одеше во кафулиња и играше фудбал со другарите. Цело семејство е шокирано и никој не помислувал дека е способен за такво нешто.

tunis terorist

Како што вели Али Бин Мухамед, Сеифедин не носел брада, ниту некогаш е виден со некој што носи брада.

„Во Гафур има такви екстремисти, но јас никогаш не сум го видел во друштво со такви. Сега пука со калашников во луѓе, сосема сме збунети“, вели чичкото.

Како и поголемиот дел од младите Арапи, и Резгуи користел социјални мрежи, а неговиот Фејсбук профил покажува една поинаква слика за него. Според Фејсбук, освен тоа што го сакал арапскиот рап и навивал за реал Мадрид, тој бил и поддржувач на Исламската држава, чии пропагандни видеа честопати ги објавувал.

За дочекот на Нова година 2015, го објавил последниот пост: „Нека Бог ми помогне да се спасам од довој неправеден свет и нека ги униште неговите жители и нека направи да патат. Ќе ве памтат само ако се мртви“.

tunis1

Властите треба да утврдат поради што Резгуи од тогаш не бил активен на интернет. Полицијата го запленила неговиот лаптоп за време на упадот во неговата куќа, каде што наводно биле уапсени и неговите родители.

Полицијата ќе утврдува дали и тие, како чичкото, не знаеле ништо за намерите на нивниот син. Сигурно би имале поинаква слика за него доколку на време „фрлиле“ поглед на неговиот профил, бидејќи меѓу статусите, еден посебно се издвојувал:

„Ако џихадот е злочин, светот треба да знае дека јас сум криминалец!“.

Сепак, од туниското министертсво за внатрешни работи соопштено е дека Резгуио немал досие во полиција, но дека им познат на властите поради неговиот понизок степен на радикализам, како и дека полицијата еднаш го сопрела бидејќи пушел канабис. Извор од Министерството за внатрешни работи потврдил дека бил член на радикалната група „Исламска младина“ и дека редовно одел во џамија каде што проповедале радикални свештеници.

Вовреме на масовното убиство во хотелот Империјал во Сус, Резгуи веќе соработувал со Исламската држава, која вчера објави и негова фотографија.

Терористот студирал машински факултет и никогаш не патувал во странство.

Погледнете ја снимката од неговата куќа:

Набргу по масакрот на плажата, полицијата  уби еден од терористите, а другиот го уапси.