Најдена поголема количина марихуана во струмичко Сачево

Најдена поголема количина марихуана кај двајца жители на струмичко Сачево. Струмичката полиција во два одвоени случаи поднесе кривични пријави против двајца жители на струмичкото село Сачево. Лицата се товарат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Најдена поголема количина марихуана во струмичко Сачево
Најдена поголема количина марихуана во струмичко Сачево

Во првиот случај кривична пријава е поднесена против И.Ѓ.(31). Од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот во село Сачево, струмичко при што се пронајдени 2.119,66 грама наркотична дрога марихуана, 1,45 грама од растението канабис сатива, 0,41 грам опиум и 19 семки од растението канабис сатива и електронска вага.

Во вториот случај, кривична пријава заработи 35-годишниот М.Н.(35) од Струмица.

Од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот во село Сачево, струмичко при што се пронајдени 1,7 килограми наркотична дрога марихуана, 57 семки од растението канабис сатива и 4,03 грама семки од истото растение.