Марија сеуште не знае дека бебето и деверот и починале

Телата на осуммесечниот Андрија Маринковиќ и неговиот чичко Никола Маринковиќ, кои во понеделникот загинаа во тешката сообраќајна несреќа кај Удово, пренесени се од Скопје во Чуприја и денеска ќе бидат заедно погребани.

„После завршената обдукција и административните процедури, Андрија и Никола се донесени во Чуприја. Сандаците со нивните посмртни остатоци најпрво беа во капела, а потоа се пренесени во семејната куќа“, вели за српски Курир, роднина на Маринковиќ.

Според неговите зборови, најмладиот член на семејството, Андрија ќе биде погребан покрај својот чичко, а тагата да биде поголема, на неговото последно испраќање нема да присуствува неговиот татко и братот на Никола, Драган, како ни неговата сопруга Марија, која има тешки повреди на кичмата.

„Драган остана во скопската болница, во која постојано ја надгледува својата жена Марија и постариот син Матија. Болката и тагата која тој ги чувствува се неописливи, посебно поради тоа што нема да присуствува на погебот на синот и братот. Незнам од каде му е силата“, вели роднината.

Марија Маринковиќ на која во судирот и е скршен вратниот дел од кичмата и понатаму е во болница, а лекарите по седум дена успеаја да ја стабилизираат нејзината состојба.

„Нејзините повреди се тешки и беше во критична состојба, но сега е малку подобро. Свесна е, но и понатаму не знае дека бебето и деверот и починаа. Единстевена светла точка во целата трагедија е што Матија е добро и успешно заздравува после операцијата на бутната коска и карлицата“, вели соговорникот на Курир.