Маријана Петир говорник на дебатата што ја организира СЕП

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска организира дебата на тема „ЕУ разговори: Политиката на проширување и нејзините перспективи”.

Главен говорник ќе биде Маријана Петир, пратеничката во Европскиот парламент и претседателка на неформалната група „Пријатели на Македонија” во рамките на Европарламентот.

Како што соопшти СЕП, на дебатата е предвидено да учествуваат високи претставници од државните институции, академската заедница, како и претставници на граѓанскиот сектор.