Македонија,Политика

Маријани: Однесувањето на СДСМ е спротивно на волјата на граѓаните, политиката на Груевски и Иванов се признати

Маријани: Однесувањето на СДСМ е спротивно на волјата на граѓаните, политиката на Груевски и Иванов се признати

Победата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски на парламентарните избори и реизборот на претседателот Ѓорге Иванов за уште еден мандат се доказ дека политиките што тие ги спроведуваат се добри и признати од граѓаните.Опозицијата мора да го заземе своето место во македонското Собрание, бидејќи одбивањето на мандатите не е коректно кон граѓаните кои ги избрале, порача денеска Тиери Маријани, член на Националното собрание на Република Франција и претседател на Комисија за миграција на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Конечната победа на претседателот Иванов со големо мнозинство, како и на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски покажува дека политиките кои ги спроведуваат се добри и силно признати од страна на граѓаните. Во таа смисла јас ќе ги охрабрам властите да продлжат овие реформи чија цел е да се подобри животот на граѓаните и да се обезбеди напредок на државата. Всушност Европа има потреба од демократска и еконмски силна Македонија, изјави за МИА Маријани.

Тој изрази разочарување од ставот на опозициската СДСМ да не ги прифати досвоените мандати на парламентарните избори.

„Како главна опозициска партија СДСМ исто така носи голема одговорност. Јас не можам да разберам како членовите на поразената партија на избори не сакаат да седат во Собранието едноставно затоа што нивната партија беше поразена. Ова не е коректно во однос на граѓаните кои гласале за нив“, вели Маријани.

Извештаите на набљудувачите на изборите од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и ПС на СЕ, вели тој, се јасни – изборите се организираа на професионален и добар начин дозволувајќи им на граѓаните да ја изразат својата волја и изберат слободно и демократски.

„Тоа е причината зошто јас го повикувам СДСМ да седне во Собранието на Република Македонија за целосно да ја одигра својата улога како опозиција и да ги потврди своите позиции во конструктивна дебата“, рече Маријани.

Честитајќи им на победата на Иванов ина ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски тој им порача да продолжат со започнатите реформи за доброто на сите граѓани на Македонија.

„Дозволете ми да ги изразам моите најдобри желби до новата Влада и избраните пратеници, како и моите најдобри желби за благосостојба за граѓаните на Македонија“, вели тој.

Маријани бил министер за транспорт во Владата на Франсоа Филон, кога претседател беше Саркози, пратеник е од 1993 година до 2010, по што станува министер.

Исто така е и специјален пратеник на Франција за Пакистан и Авганистан од 2009 година.

Во 2010 е повторно избран за пратеник и важи за еден од највлијателните француски политичари.