среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

„Марили“ ги прогласи најуспешните жени менаџерки

Годинава во знак на јубилејот беа избрани 20 најуспешни менаџерки според веќе востановените критериуми - да доаѓаат од успешни приватни компании, од различни области и дејности и да се почитува нивната согласност да бидат дел од изборот

Годинава во знак на јубилејот беа избрани 20 најуспешни менаџерки според веќе востановените критериуми - да доаѓаат од успешни приватни компании, од различни области и дејности и да се почитува нивната согласност да бидат дел од изборот

Годинава во знак на јубилејот беа избрани 20 најуспешни менаџерки според веќе востановените критериуми - да доаѓаат од успешни приватни компании, од различни области и дејности и да се почитува нивната согласност да бидат дел од изборот

Последни вести

Агенцијата „Марили“ по 20-ти пат  ги прогласи најсупешните жени менаџерки. Признанијата на најуспешните беа вчачени синоќа во Скопје.

Годинава во знак на јубилејот беа избрани 20 најуспешни менаџерки според веќе востановените критериуми – да доаѓаат од успешни приватни компании, од различни области и дејности и да се почитува нивната согласност да бидат дел од изборот.

– На манифестацијата присуствуваа многу жени менаџерки и имаше позитивна енергија. Секоја од наградените сакаше да говори за своето искуство. Посебен момент беше кога ја доделивме постхумно наградата на Анита Андреевска, која работеше како менаџер во мировната мисија на Обединетите Нации, изјави Лидија Трипуновска од агенцијата „Марили“.

На манифестацијата беше прочитано и поздравно писмо од сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова која, поради претходно преземени обврски, не беше во можност да присуствува.

– Почитувани дами, желбата за успех е само предуслов кој треба да е поткрепен со цврста волја. Вие континуирано ја покажувате вашата волја и посветеност во вашата работа, градејќи ги вашите компании и создавајќи нови поголеми и одржливи вредности. Сите Вие успешно ги менаџирате вашите бизниси, секоја истакнувајќи се во своето поле, од образованието и здравјето, преку трговијата и маркетингот, се до модата и убавината, но и индустријата. И сето тоа го правите со знаење, визија, храброст, решителност, креативност, лидерство. Пофалбите и признанието за резултатот на вашата напорна, но верувам, исполнувачка работа го гледаме денес. Искрени честитки од срце. Продолжете да ја градите вашата кариера, јакнејќи ја улогата на жената во нашето општество и претставувајќи пример, поттик и инспирација, им порача Иванова на жените менаџерки.

оо

За најуспешни беа прогласени Маја Андреевска, менаџер и продуцент во „Мунлајт“ Продукција – Скопје, Марина Анчевска, генерален менаџер во Центарот за бизнис психологија – Скопје, Маја Босилковска, менаџер за кориснички услуги во „Орифлеим“ Козметика – Скопје, Лилјана Деловска, генерален менаџер во „Арт Дизајн – СДИ“ – Скопје, Бојана Димовска, генерален менаџер, ДПТ „РОНТИС“ Дооел – Велес, Весна Иваноска, генерален менаџер во „Сеавус“ – Едукативен и образовен центар -Скопје, Весна Игњатовиќ-Стојиљковиќ, генерален менаџер, ДООЕЛ и ПЗУ „ ДР. ВАИС“ – Скопје, Вал Јусуфи, генерален менаџер во „Леорон Груп“ – Скопје, Мимоза Конеска-Каимовски, генерален менаџер во Т.А. „Војажер“ – Скопје и Тања Милисковиќ, комерцијален менаџер во „Кромберг и Шуберт“ во Битола.

Останатите 10 најуспешни менаџерки се Весна Мицева-Тодоровска, генерален менаџер во Конгресен сервисен центар – Скопје, Васка Мојсовска, генерален менаџер „Агро Калем – Тимјаник“ – Неготино, Соња Петковска, извршен менаџер во Старски дом „Милица“ – Скопје, Антонија Ристовска, генерален менаџер во Ателје „Антонија Ристовска“ – Скопје, Искра Спироска Ивановска, менаџер, „Тим Консалтинг“ Доо – Скопје, Олгица Стојимировиќ, генерален менаџер, „ПромоИталија“ – Скопје, Олгица Стокуќа, менаџер во „Стокуќа“ Дооел – Скопје, Ксенија Чаминска, генерален менаџер во „Професионал Акаунт“ дооел – Скопје и Асмира Кочан, извршен менаџер во „Трансмет“ – Скопје.

марили награди

Целта на изборот за најуспешни жени менаџерки е поддршка и афирмација на жената во бизнисот, на нејзината лидерска позиција во менаџирањето во компаниите, но и во општеството воопшто.

Како содржинско надополување на манифестацијата ден претходно се одржа едукативен настан насловен како „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ во чии рамки се одржаа предавања од областа на медицината, фармацијата, козметологијата и бизнис психологијата.

Најчитани вести