Бразил2014,Спорт

Марио Манџукиќ продаден на Атлетико Мадрид

Марио Манџукиќ продаден на Атлетико Мадрид

Спортскиот директот на актуелниот шампион на Германија, Баерн (М), Матиас Замер, откри дека хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ ќе биде продаден на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М).

“Постои вербален договор помеѓу Атлетико (М) и Баерн (М) и помеѓу Марио Манџукиќ и Атлетико (М). Нема ништо официјално, ниту еден документ не е потпишан, но мислам дека можам да им верувам на зборовите кои беа дадени од раководните лица на Атлетико (М). Сакам јавно да му се заблагодарам на Марио Манџукиќ кој никогаш нема да биде заборавен од клупските челници и од најверните фанови на Баерн (М). Имавме совршена соработка со репрезентативецот на Хрватска, вистински пример како треба да се однесува еден фудбалер. Имам само позитивни зборови за Марио”, изјави Замер.