Марио Суарез ќе комбинира со Де Роси, Најголанд и Стротман

Одличните игри на стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Марио Суарез не остана не забалежани од страна на раководните лица на италијанскиот калчолигаш Рома.

Италијанските медиуми потврдија дека челниците на римската “волчица”ќе се обидат уште на стартот од летниот преоден рок да ги осигураат услугите на 26-годишниот играч за врска кој според челниците на Атлетико (М) вреди најмалку 20 мил. евра.

Доколку се пресели на “Олимпико” за време на летниот преоден рок, Суарез ќе има за задача да ја подобри играта на средниот ред и да оствари соработка со веќе стандардните првотимци во дресот на Рома, Даниел де Роси, Раџа Најголанд и Кевин Стротман.