Марионетите никнат како пeчурки

Од создавањето на првите државни структури во антиката до денес, тие се обидуваат да го контролираат населението кое живее на таа територија. Во името на кнезовите, кралевите, императорите, а покасно во времето на национализмот во име на државите. Од друга страна, државните национализми се борат меѓу себе за улогата на европски или светски господари, односно се борат да ги направат другите свои марионети.

На тој начин практично имаме марионети во држави и држави марионети. Марионетите во моќните држави, како на пример САД, се државна сопственост. Нивната цел е да ги контролираат обичните Американци и да им продаваат мантра за „великата Америка“. Истовремено се обидуваат да ја шират таа пропаганда во светот, да го зомбираат и да го трансформираат во американска марионета. Всушност станува збор за една хиерархија, за една пирамида од платеници кои заемно се зомбираат и ги зомбираат луѓето надвор од американските граници.

Зошто американската манипулација оди толку успешно?

Не само затоа што фрлаат невидени пари за пропаганда (за украинскиот „Мајдан“, пет милијарди долари како што сами признаа) и таа е поддржана со повеќе од 100 агресии врз држави во последниот век. Не само затоа што моментално САД имаат повеќе од 400 воени бази во светот, туку и заради дуплата манипулација врз граѓаните во другите држави. Како што веќе кажав, тие се манипулирани од своите политички елити кои ги држат под контрола. Оттука и народната мудрост: Ако изборите решаваа нешто ќе беа забранети. Но, манипулацијата оди и индиректно – од страна на западот (САД и ЕУ) преку локалните политички елити врз граѓаните. Контролата повеќе успева во држави каде политичките елити се слаби за да спроведуваат самостојна државна политика, но истовремено доволно јаки за да ги манипулираат граѓаните.

На пример на секој нормален човек, во и надвор од Македонија, му е јасно дека врхушката на СДСМ води антимакедонска и антидржавна политика и дека е марионета на странски и државни служби. Ете зошто, при нормална состојба, самата партија ќе ги исфрли своите лидери и дури ќе инсистира тие да бидат ставени во затвор. Само што на избори таа антимакедонска и антидржавна политика добива околу 300 илјади гласови.

Сличен е и примерот со ВМРО – ДПМНЕ. Владејачката партија во целото свое управување потклекнува на уцените однадвор и одвнатре. На тој начин не успева да ги реализира идеите во економијата и странските инвестиции. Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ги гледаат тие секојдневни попуштања, но не му даваат ултиматум на раководството да ја промени својата политика. На претседателските избори Ѓорге Иванов доби повеќе од 500 илјади гласови, независно што граѓаните гледаат дека не е за таа функција. Пред неколку денови, за прв пат од 2009 година, Ѓорге Иванов се охрабри да ја каже вистината за ЕУ и Германија и електронските сајтови се преполнија со позитивни одзиви. Само што каде беа тие граѓани кои сега акламираат да го изразат своето незадоволство во изминатите седум години? Кога рејтингот на претседателот е 1-2%, а добива половина милион на избори, значи има проблеми со македонската психа.

Кај нас се превртени претставите за улогата на партиите и на…