Мариуш Копил: Ми понудија пари да наместам натпревар

Постојано сме сведоци на ситуации со наместени натпревари во речиси сите спортови, па така не ретко се случувало и тенисери и тенисерки да бидат мета на разни поединци или организации кои се занимаваат со местење натпревари.

Последен во оваа низа е малку познатиот романски тенисер Мариуш Копил, кој откри дека на турнирот во Мајами добил понуда од 30.000 евра за да загуби сет.

“Мислам дека треба доживотно да ги суспендираат оние кои размислуваат за местење на тениски мечеви. Тоа се кукавици кои не го почитуваат спортот. Добив понуда да го наместам мечот во Мајами. Ме контактираа преку Фејсбук и ми понудија да загубам еден сет за сума од 30.000 евра. Веднаш го пријавив тоа. Потоа добивав и смртни закани, па бев приморан да го избришам профилот на Фејсбук”, вели Копил.

Според последната објава, Романецот е моментно на 172.место на АТП листата.