Македонија

„Маркарт“ започнува со производство

„Маркарт“ започнува со производство
„Маркарт“ во Велес почнува со работа

Фабриката за автомобилски делови, „Маркарт“ започнува со производство.

Фабриката е изградена во индустриската зона „Караслари“ во Велес, и според најавите се планира да се вработат околу 600 лица.

„Маркарт“ е првата поголема странска инвестиција во Велес, која тежи 35 милиони евра.

Македонија е 11-та земја во која се шири бизнисот на семејството „Маркарт“. Со годишен обрт од 700 милиони евра, компанијата која има фабрики во 13 земји спаѓа во групата на брзо- растечки.