Маркел: Треба да се направи се за Грција да не остане без финансии

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека треба да се направи се што е можно за да се спречи Грција да остане без финансиски средства, пред земјата да постигне договор со меѓународните кредитори, пренесува МИА.

Таа ја даде својата изјава по синоќешната „конструктивна“ средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Двајцата соговорници се договориле да не откриваат детали од разговорите.

На прашањето колку е голем ризикот Грција да остане без пари пред да биде постигнат договор меѓу Атина и кредиторите. Меркел одговори дека „треба да се направи се што е потребно за тоа да не се случи“.

Европските министри за финансии денеска во Рига ќе одржат средба, на која ќе се дискутира за преговорите со Грција.