Маркез најбрз на трката во Австралија

Маркез најбрз на трката во Австралија
Маркез најбрз на трката во Австралија

Актуелниот шампион во Мото ГП класата, Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Австралија. Тој до триумфот стигна откако во последниот круг го мина Хорхе Лоренцо.

Третото место му припадна на Андреа Јаноне, додека без подиум остана лидерот во генералниот пласман Валентино Роси.

Ова за Маркез e 50-та победа во кариерата.

Во генералниот пласман на две трки до крајот на шампионатот води Роси со 296 бодови, втор е Лоренцо со 285, а на третата позиција е Маркез со 222.

Следната трка се вози на патеката „Сепанг“ во Малезија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.