Маркез пуштен од болница

Добитникот на Нобелова награда за литература Габриел Гарсија Маркез ја напушти болницата во која помина осум дена поради запаление на белите дробови.

Портпаролката на Националниот институт за медицина Жаклин Пинеда изјави дека лекарите во вторникот одлучиле да го пуштат 87 годишниот колумбиски писател кој живее на југот на Мексико Сити.Пинеда изјави дека поради годините, здравјето на писателот и понатаму е кревко.

Гарсија Маркез е еден од најпопуларните писатели на шпански јазик и многумина неговата популарност ја споредуваат со Марк Твен и Чаркс Дикенс.

Писателот на „100 години самотија“ веќе 30 години живее во Мексико.