Маркињос чека дозвола за преселба на Ноу Камп

Бразилскиот интернационалец од редовите на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Маркињос откри дека нема некоја нова информација околу неговата преселба на “Ноу Камп”.
Фудбалските медиуми во Шпанија и Франција постојано ја форсираат приказната дека офазнивниот бек на стартот од летниот преоден рок и официјално ќе биде претставен како најнова аквизиција на каталонскиот гигант Барселона, а неговиот актуелен клуб, ПСЖ, ќе заработи околу 20 мил. евра од неговата продажба.
“Барселона е фантастичен клуб. Јас можам само да чекам, да ја чекам конечната одлука на ПСЖ. Не знам дали ќе бидам продаден или ќе ме задржат во Париз. Тоа што сум желба на Барселона е доволен доказ дека играм одлично, дека го поседувам потребниот квалитет. Сепак, јас сум убеден дека можам да играм уште подобро, дека има место за напредок”, изјави Маркињос.