Маркињос сака преселба во Барселона

Офанзивниот бек на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Маркињос, призна дека му се допаѓа идеата во новата клупска сезона да го носи дресот на каталонскиот гигант Барселона.

„Се е во рацете на раководните лица на ПСЖ, од нив зависи мојата иднина. Среќен сум поради информацијата дека интерес за моите услуги покажале раководните лица на Барселона. Тоа е знак дека има напредок во мојата кариера”, изјави бразилскиот интернационалец.

Иако за неговите услуги, раководните лица на најбогатиот клуб во Франција, пред 12 месеци одвоија околу 30 милиони евра, офанзивниот бек не ги исполни големите очекувања и најверојатно, на таа позиција, во новата клупска сезона, ќе игра бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Дани Алвеш.