Марко Прокиќ кој го освои Фејсбук со изложба во „Концепт 37“

Уметничкиот директор во агенцијата „McCann Erickson“ во Белград, Марко Прокиќ ќе има своја изложба утревечер во „Концепт 37“ со почеток во 20.30 часот.Тој е илустратор чии изреки го преплавија Фејсбук!

„Денес, кога мораме да признаеме дека со друштвените медиуми владеат стикери со животни, љубовни пораки, „self-help“ препораки и други разни цитати – ретко кој од нив навистина може да ни го задржи вниманието. Но, кога говориме за Марко, познатиот белградски илустратор и неговата страница f.ckinfine сосотјбата е сосоема поинаква. Тој успеа за многу кусо време да се издвои од толпата и да ги освои, одушеви, насмевне, и да го измами она „аххххх“ од своите фанови;“ велат организаторите

Марко до сега изложувал, самостојно, но и групно во Белград, Загреб и Монпеље. А денес живее и работи во Белград. Со своите духовити и проникливи илустрирани пораки веќе стана специфичен „feel good“ бренд во регионот, а магијата која овие дела ги остваруваат во релација со публиката е секогаш посебна и партикуларна.

Имено, секоја порака која Прокиќ ја илустира е како и самиот што вика: проживеана и преживеана. Тоа се чини дека е еден од клучните елементи во речиси неподносливата леснотија на поистоветување со авторовата утринска мрзоволност, експлицитна или имплицитна меланхолија, чувството на недостасување, досада или болната свест за рутинското секојдневие.