Марко Ројс убеден дека Борусија Д. ќе биде позади Баерн (М)

Стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш, Борусија од Дортмунд, Марко Ројс, е убеден дека неговиот тим на крајот од актуелната сезона ќе избори директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.

“Мислам дека демостриравме далеку подобра игра во Лигата на шампиони и во Купот на Германија. И покрај големиот проблем кој го имаме со повредите, Борусија нема некоја голема бодовна негатива во споредба со лидерот на табелата, Баерн (М) и моментално второпласираниот, Баер од Леверкузен. Јас сум убеден дека ќе завршиме на втората позиција и повторно ќе осигураме директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Се ќе биде полесно кога ќе ни се вратат повредените фудбалери”, изјави репрезентативецот на Германија кој пред неколку дена откри дека не постојат тие пари кои би го натерале да остави дресот на Борусија од Дортмунд и да го облечи тој на Баерн (М).