Марковиќ три годинини во Ел Џаиш

Поранешниот десен бек на македонскиот ракометен шампион Металург, Црногорецот Жарко Марковиќ и покрај гласините дека ќе се пресели од Хамбург во Вардар, својот потпис сепак го стави на договор за тимот на Ел Џаиш од Катар, пишува црногорски портал, „.хандбалме.ме“.

Тој потпиеша тригодишен договор со Ел Џаиш. Ова е втор пат Марковиќ да игра во Катар, бидејќи претходно настапуваше за тимот на Ал Ахли.

Друштво во овој клуб од идната сезона ќе му прави неговиот сонародник, а сега натурализран репрезентативец на Катар, голманот Горан Стојановиќ, кој го напушта Рајн Некар. Според одредени информации, по стапките на Стојановиќ, ќе тргне и Марковиќ, односно и овој одличен бек ќе земе пасош на Катар со што би и се прикличил на оваа репрезентација за претстојното Светско првенство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.