Мароканец се обидел двете ќерки да им ги подари на ИД

Мароканецот кој се обиде да ги одведе своите две ќерки, од две и четири години, кај џихадистите од групата Исламска држава, е уапсен, соопштија денеска мароканските власти.

Таткото е уапсен на аеродромот во Казабланка со ќерките, кои се француски државјанки, додека се подготвувале да полетаат за Турција. Оттаму тие требало да им се придружат на џихадистите во Сирија.

Мароканската Влада наведе дека мајката на девојчињата, која е Французинка, не била со нив.

ИД регрутира жени и цели семејства, а Мароко претставува голем извор на регрути за екстремистите.